Мајката на Антонио Милошоски, медицинска сестра во болницата во Кичево извести дека е позитивна на ковид-19
Светлана Милошоска, мајката на Антонио Милошоски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, попладнево извести дека е позитивна на ковид-19.
„Драги пријатели, почитувани колеги, должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура и направив тестирање во текот на вчерашниот ден. За жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот ковид-19.
На надлежните епидемиолози им ги посочив сите лица со кои сум имала контакт, меѓу кои мојот сопруг, кој треба да се тестира утре и мојот син Антонијо Милошоски, со кого имав краток контакт на 22 јуни во нашиот дом во Кичево. На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус им посакувам што поуспешно да се избориме со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање“ извести Светлана Милошоска на Фејсбук.