Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше и дека лицата зарзени со ковид-19, коишто беа сместени во државен карантин, согласно здравствена состојба, ќе се лекуваат дома.
– Има околу 20 позитивни лица коишто беа во карантините, а по лекарските прегледи е утврдено дека тие може да се лекуваат во домашни услови, во консултација со нивните матични лекари – рече Филипче и нагласи дека во овој момент нема индикација за воведување други мерки, а дека рестрикција на движењето е единствена мерка за да се намали трансмисија на вирусот, а со оглед дека детално се анализираат контактите и се ставаат во изолација – засега нема друга препорака.
Филипче вече се сретнал со поглаварот на ИВЗ, а најави дека ќе се сретне и со преставници на другите верски заедници, невладини организации, за подобро справување со корона кризата, за поактивно да се вклучат сите во борбата со вирусот.