Почина ресенчанецот за кого се бараше крвна плазма

3,544

На 40-годишна возраст, синоќа во Градската болница „8 Септември“ почина ресенчанецот Илче Котевски, претседател на РК Преспа, кој боледуваше од ковид-19. За него преку социјалните мрежи се бараше крвна плазма.

„Се боревме колку што можевме, ни требаше затоа што беше прекрасен човек, спортист и активист, секогаш насмеан, весел, секогаш дружељубив. Не успеавме да ја победиме опаката болест. Жалта е многу голема пријателе и секогаш ќе бидеш во нашите спомени“, беше напишано во една од групите на социјалните мрежи, каде членуваат жители на Ресен и на Преспа.






Докторот Мирослав Бошковски деновиве донираше крвна плазма за Котевски.

Тој беше меѓу првите заразени од Ресен и беше хоспитализиран од 10 јуни со променлива здравствена состојба. Пред два-три дена значително му се влошила состојбата, па примил и крвна плазма, но од утрината бил поставен на респиратор, а кусо потоа починал.

Освен како претседател на РК „Преспа“, Илче беше успешен ракометен голман, а беше познат во градот и во Преспанскиот регион и како добар угостител, хуманист. Сограѓаните денеска се простуваат од него.

Поврзани содржини