Трамп го обвини лидерот на „Животите на црнците се важни“ за предавство

Коментарот на Трамп уследи откако Њусом во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека протестите покренале сериозна политичка расправа за реформи на полицијата, како и дека се уапсени полицајци кои примениле прекумерна сила.

306

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини лидерот на движењето „Животите на црнците се важни“, Хак Њусом за предавство и поттикнување на бунт.

Коментарот на Трамп уследи откако Њусом во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека протестите покренале сериозна политичка расправа за реформи на полицијата, како и дека се уапсени полицајци кои примениле прекумерна сила.






Но, Њусом не ги осуди немирите во САД.

– Реков… Ако ова земја не ни го даде тоа што го сакаме, тогаш ќе го урнеме овој систем и ќе го замениме… Можеби зборувам фигуративно, а можеби и буквално. Тоа е прашање на интерпретација – посочи Њусом.

Трамп на Твитер остро одговори на изјавата на Њусом.

„Тоа е предавство, поттикнување на бунт, бунт!“, објави Трамп на Твитер.

Тој исто ја напиша и фразата што често ја користи – „закон и ред“.

Поврзани содржини