Јанушев од Велес: Ќе го поврземе Велес преку Прилеп и Битола со грчката граница

Располагаме со кадар и со луѓе и знаеме како да го направиме тоа и ќе го направиме, изјави Јанушев,

564

Една од можеби столбовите и една од најбитните работи во програмата е ветувањето пред граѓаните дека во четиригодишниот мандат ќе овозможиме четири милијарди евра домашни и странски инвестиции. Тоа секако ќе бара многу работа и многу труд, но од тоа не се плашиме. Располагаме со кадар и со луѓе и знаеме како да го направиме тоа и ќе го направиме, изјави во Велес Игор Јанушев, носителот на листа во ИЕ 3 од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните вонредни парламентарни избори .

– Го нудиме тоа преку зголемувањето на платите и пензиите, преку инфраструктурната изградба на државата, преку конечно ставање на ред, што беше камен на сопнување на сите претходни влади, а тоа е вистинска реформа во правосудството и реформа во сите останати сектори: образованието, здравството и се што е битно за сите луѓе кои живеат во Република Македонија. Тука се и земјоделците, културните работници, спортистите за сите нив имаме издвоено огромен број на проекти. Средства за културата и спортистите, зголемување на пензиите за 20 проценти, бесплатен приклучок на гасификацијата за секое домаќинство. Нашата кампања ќе даде повеќе за секого и ќе се обидеме да убедиме што е можно повеќе да ни ја дадат подршката – рече Јанушев.






На велешани им вети инфраструктура.

-Тоа што е битно за Велес е инфраструктурата, а значаен проект е поврзувањето на Велес преку Прилеп и Битола со грчката граница. Исто така, многу битно е поврзувањето со Коридорот 8 и конечно завршување на експресните патишта кои во изминатите три години останаа на истото ниво на кое беа пред три-четири години. Тоа што можам да го ветам пред велешани е еден чесен, искрен и директен пристап при што се тоа што ќе го ветиме пред граѓаните и ќе го исполниме во следните четири години – рече Јанушев.

Поврзани содржини