„Астра“ донираше медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на болницата во Охрид
Станува збор за акција каде членките на групацијата НОВОМАТИК донираат потребна медицинска опрема на здравствени установи во државата кои се соочуваат со борбата против ковид-19.
ЈЗУ Општата болница во Охрид доби 10 електрични кревети како донација, во износ од 20.000,00 евра од автомат клубовите „Астра“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, наведено е во соопштението.
Станува збор за акција каде членките на групацијата НОВОМАТИК донираат потребна медицинска опрема на здравствени установи во државата кои се соочуваат со борбата против ковид-19.
– Како компанија автомат клубовите Астра веруваат дека овој предизвик може да се надмине заеднички, со несебична помош и поддршка онаму каде што е потребно, бидејќи се бориме за заедничка цел, зачувување на нашето колективно здравје. Креветите се хидраулични со промена на положбата на телото на потребите на пациентот и се наменети за интерното одделение кое е најфреквентно одделение во Општа Болница Охрид и регионален центар за општа интернистичка патологија со посебни соби за изолација за сомнителни недокажани пациенти од различна патологија кои се поврзани со ковид-19. – изјави Др. Горан Балевски, директор на болницата.