Поплави во Тетовско, патот Тетово-Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри
Патот Тетово-Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода.
Неколку реки во Тетовско ноќеска се излеаjа и поплавија патишта и куќи во неколку села во општините Теарце и Јегуновце.
Излевањето на Габровска река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово-Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.
– Патот Тетово-Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја – објави Исен Асани, градоначалник на општина Теарце на својот профил на Фејсбук.
Од поплавите оштетен е и асфалтот на коловозната лента на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Жители на Јегуновце информираа дека во нивното село има поплавени куќи.