Трамп: До 10 години затвор за оние кои уриваат споменици

Оваа акција се спроведува веднаш, но може да се користи и ретроактивно за уништување или веќе предизвикан вандализам. Исклучоци нема да има! – напиша Трамп утрово на „Твитер“.

283

Претседателот Трамп тврди дека тој издал налог на федералната влада да го уапси секој што ќе посегне кон статуа или споменик во сопственост на владата и рече дека тие што се уапсени би можеле да се соочат со затворска казна од една деценија.






– Јас ја овластив Федералната влада да уапси секој што вандализира или уништува кој било споменик, статуа или друг ваков Федерален имот во САД, а притоа да се казни со до 10 години затвор, според Законот за зачувување на споменот на ветераните или слични други закони кои можат да бидат релевантни … Оваа акција се спроведува веднаш, но може да се користи и ретроактивно за уништување или веќе предизвикан вандализам. Исклучоци нема да има! – напиша Трамп утрово на „Твитер“.

Трамп доцна во понеделникот вечерта беснееше против демонстрантите кои се обидоа да ја урнат статуата на Ендру Џексон, седмиот претседател на Соединетите држави, во парк во близина на Белата куќа. Демонстрантите, наводно, напишале „убиец ѓубре“ на неговиот пиедестал и го повлекле споменикот со јажиња пред да бидат запрени од полицијата.

 

Поврзани содржини