Спасовски: Високиот број починати зборува дека вирусот е тука и е опасен

632

Премиерот Оливер Спасовски вечерва преку објава на Фејсбук одново аплеираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот kовид-19 и со тоа да придонесат за намалување на бројот на новозаразени.

– Ковид-19 секојдневно одзема животи. Денешниот висок број починати зборува само за едно: вирусот е тука, опасен е, а може да биде и смртоносен. Иако најголем дел од граѓаните се без симптоми, секој од нас може да биде под потенцијален здравствен ризик. Апелирам, силно повикувам да се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита да го намалиме бројот на новозаразени, наведува Спасовски.






Тој нагласува дека едноставно е потребен ангажман од секого за да се воспостваи целосна контрола врз епидемијата, бидејќу во спротивно уште долго време ќе се бориме со ризиците.

– Само од нас и од никој друг зависи каков ќе биде исходот од оваа битка. Да ги направиме едноставните и неопходни чекори, без исклучок. Да носиме маски, да избегнуваме поголеми собири, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје, а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје, додава премиерот Спасовски во објавата на Фејсбук.

Поврзани содржини