Вернер пристигнува на „Стемфорд Бриџ“
Дваесет и четиригодишниот Германец потпиша петгодишен договор. Остатокот од сезоната ќе го помине во Лајпциг. Напаѓачот ќе му се придружи на Челзи во јули, по лекарските прегледи.
Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, потпиша договор со Челзи, објавено е на официјалната веб-страница на клубот од Лондон.
Дваесет и четиригодишниот Германец потпиша петгодишен договор. Остатокот од сезоната ќе го помине во Лајпциг. Напаѓачот ќе му се придружи на Челзи во јули, по лекарските прегледи.
– Ние сме многу задоволни што Вернер реши да ни се придружи. Тој е играч кого го бараше цела Европа и тоа не е изненадувачки. Нестрпливи сме да го дочекаме Тимо да биде во тимот, но дотогаш му посакуваме него и на Лајпциг се најдобро оваа сезона, се вели во соопштението на Челзи.
Досега оваа сезона, Вернер одигра 43 натпревари за Лајпциг, постигна 32 голови и 13 асистенции.