„КРАЛЕВИТЕ“ МУ ЈА ОТВОРИЛЕ ИЗЛЕЗНАТА ВРАТА НА МБАПЕ? Ливерпул чека шанса вредна милиони
Шпанскиот гигант, според неофицијални информации, повеќе не се противи на заминувањето на својата голема ѕвезда. Се шпекулира дека двете страни се разочарани од соработката, а преселба во Премиерлигата е можна уште во зимскиот преоден рок.
Фудбалскиот ас Килијан Мбапе би можел да го напушти Реал Мадрид за неверојатни 200 милиони евра, а Ливерпул се споменува како најсериозен кандидат за неговиот потпис.
Според британски FourFourTwo, раководството на шпанскиот гигант е подготвено да го продаде францускиот напаѓач, откако наводно и самиот фудбалер изразил желба да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Информациите од Мадрид сугерираат дека односите меѓу Мбапе и клубот повеќе не се идеални, иако Французинот ја игра својата трета сезона во дресот на „кралевите“.
Реал, според овие тврдења, нема да му застане на патот доколку пристигне понуда што ќе ги исполни финансиските барања на клубот.
Сепак, мадридскиот гигант наводно не е подготвен да разговара за трансфер понизок од 200 милиони евра.
Како најверојатна следна дестинација се споменува англиската Премиерлига, каде што Мбапе наводно посакува да ја продолжи кариерата.
Ливерпул се издвојува како потенцијален купувач, а според шпекулациите, англискиот клуб би можел да ја плати бараната сума.
Останува неизвесно дали евентуалниот трансфер би се реализирал во јануарскиот преоден рок или по завршувањето на сезоната, во летото 2027 година.
Интересно е што незадоволството наводно е заемно. Мбапе бил разочаран од состојбите во Реал, додека и раководството на клубот не било задоволно од неговиот придонес.
Таквиот развој би бил изненадувачки пресврт во соработката меѓу еден од најголемите светски клубови и фудбалерот чие доаѓање во Реал Мадрид со години се очекуваше.
Засега, меѓутоа, нема официјална потврда дека Реал Мадрид донел одлука за продажба, ниту дека Ливерпул испратил конкретна понуда.