ВМРО-ДПМНЕ: Парите наместо кај граѓаните, одат во џебот на Заев и Анѓушев
На иста линија со Заев е и Кочо Анѓушев, чија фирма исто така доби државна помош за исплата на плата. Тоа е истиот оној Анѓушев кој доби 5 милиони евра од Грците за неговата ЕДС - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Парите наместо кај граѓаните, одат во џебот на Заев и Анѓушев.Граѓаните не видоа ништо од таканаречените мерки. Илјадници се на минимална плата, а голем број и привремено останаа без работа. Додека народот кубури, ИГМ Еленица на Заев доби помош од државата за исплата на плати, компанија која во 2018 година имала приходи од над 5 милиони евра – соопштија денеска од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во реакцијата на видео обраќањето на Зоран Заев.
Во соопштението се додава:
Заеви кои врти милиони не сакаат да дадат дел од милионскиот колач за работниците, кои ги создале тие милиони, а земаат минимални плати.
На иста линија со Заев е и Кочо Анѓушев, чија фирма исто така доби државна помош за исплата на плата. Тоа е истиот оној Анѓушев кој доби 5 милиони евра од Грците за неговата ЕДС.
Заев ги фали мерките, само затоа што со нив се полни неговиот и џебот на Анѓушев.
Граѓаните и малите фирми не видоа ништо од државната помош. Парите завршија во СДСМ, а граѓаните останаа без поддршка. Економијата тоне и СДСМ не знае како да ја заживее.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.