Шекеринска: Земјата не може да функционира без Собрание, датумот на изборите не е политичка желба

Таа рече дека вонредната состојба не може да се продолжува во недоглед зашто земјава не може да функционира без Парламент и треба да биде избрана влада со целосен политички легитимитет.

391

Прашањето за датумот за одржување на изборите не е прашање на политички желби или предмет на консензус на политички партии, туку тоа е уредено во Уставот и законите, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа рече дека вонредната состојба не може да се продолжува во недоглед зашто земјава не може да функционира без Парламент и треба да биде избрана влада со целосен политички легитимитет.






– Ниту една демократска држава не може да си дозволи олку долго да функционира без Собрание. Значи, прашањето на датум не е прашање на нечии желби. Прашањето на датум е прашање дали сакаме државата да ни функционира во целосен капацитет – изјави Шекеринска, која денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на возухопловниот ВИНГ во касарната во Петровец.

Поврзани содржини