Мнучин: Американската економија почна да заздравува
Мнучин во писменото сведочење пред Одборот за мали компании на Сенатот истакна дека новите работни места и другите економски податоци покажуваат дека САД се во добра позиција за силно отворање на земјата во фази.
Министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин денеска изјави дека американската економија веќе почнала да покажува знаци на заздравување од пандемијата со ковид-19.
Тој додаде дека американската економија „значително ќе се подобри“ во третиот и четвртиот квартл од годината.