Двајца вработени во Лекарска комора се заразиле со корона играјќи на свадба

2,068

По добиената информација дека две лица вработени во администрација на Лекарската комора се позитивни на корона  вирусот,во саботени оработка со ЦЈЗ Скопје направена е епидемиолошка анкета и тестирање на сите вработени во Комората. Според проценката и тестирањето сите вработени се со низок ризик и со негативен тест. Комората немаше прекин во работата и ќе продолжи непречено да работи – информираат од  Лекарската комора на Македонија.

Вработените во Комората не се заразиле со вирусот додека биле на работното место, туку додека го користеле годишниот одмор.






Според неофицијални информации, тие биле гости на свадба што се одржала кон крајот на мај во околината на Скопје, во време кога поради епидемијата со ковид-19 во земјата и тие прослави се забранети.

 

Поврзани содржини