Нејмар му се заканувал на „очувот“ дека ќе му стави метла во анусот, ЛГБТ поднесе тужба
Бразилските медиуми тврдат дека фудбалерот му се заканувал на Тијаго дека еден од неговите пријатели ќе му стави метла во анусот.
Бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на ПСЖ, Нејмар, обвинет е дека го навредувал и дека му се заканувал на момчето на неговата мајка Тијаго Рамос, нарекувајќи го хомосексуалец, објавија бразилските медиуми.
Како што пренесуваат порталите, ЛГБТ групацијата во Бразил веќе поднела тужба против Нејмар, а објавените аудо-снимки наводно покажуваат дека фудбалерот вршел дискриминација над сексуалните малцинства во Бразил.
Според аудио-доказзите, Нејмар го нарекувал Тијаго „виадињо“, а на бразилски тоа претставува погрден термин за хомосексуалец. Исто така, бразилските медиуми тврдат дека фудбалерот му се заканувал на Тијаго дека еден од неговите пријатели ќе му стави метла во анусот.