Луфтханза ако треба и бесплатно ќе ги враќа туристите

242

Германската национална авиокомпанија Луфтханза најави дека ќе ги враќа туристите во земјата бесплатно, доколку тоа е потребно поради вирусот ковид-19.

Како што пренесуваат странските агенции, на тој начин се обидува да се бори против намалената побарувачка за летови поради пандемијата на коронавирусот.






– Воведуваме гаранција за враќање на туристите дома. Кој сака да се врати во Германија, ние ќе го вратиме, дали поради висока температура не може да влезе во земјата или затоа што тој мора да биде таму во карантин или пак затоа што во таа земја избувнала епидемија на вирусот – рече шефот на концернот Карстен Шпор за дневниот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Шпор додаде дека повторно очекува поголема побарувачка за летовите најдоцна до есенскиот училишен распуст.

Поврзани содржини