„ЛУФТХАНЗА“ ГО ЗАТЕГА РЕМЕНОТ Нема нови вработувања, ниту долги деловни патувања
Сите мерки важат за подружниците на „Аустриан ерлајнс“, „Брусел ерлајнс“, „Еделвајс“, „Луфтханза“ и „Свис“.
Раководството на „Луфтханза“ нареди итно замрзнување на вработувањето во голем дел од администрацијата како една од мерките за штедење.
Според оваа мерка не е дозволено вработувањето надворешни работници во неоперативни области, а слободните работни места можат да се пополнат само со одобрение од вишиот менаџмент, пишува „Авио Прес“.
Сите мерки важат за подружниците на „Аустриан ерлајнс“, „Брусел ерлајнс“, „Еделвајс“, „Луфтханза“ и „Свис“.
Групацијата „Луфтханза“ исто така значително го затегнува ременот во однос на деловните патувања. Летовите на кратки релации се дозволени само, ако не е потребен престој со ноќевање.
Летовите на долги релации за состаноци се забранети. Исклучоците мора да бидат одобрени од Извршниот одбор на Групацијата.
Внатрешно, компанијата планира да премине на виртуелни состаноци.