Мухамед Зекири, неговата сопруга и нивната тримесечна ќерка Далиа се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, тие се во стабилна состојба и со висока температура, рече министерот за здравство венко Филипче.
Тој додаде дека се уште се тестираат луѓе кои се од кластерот на Зекири.
– Се тестираат луѓе во таа група, тој кластер. Дел од резултатите беа готови, дел од тие контакти кои Центарот за јавно здравје ги идентифиукуваше, не само за него, туку и за сите други семејства, четири-пет во таа општина, се делумно готови, а дел ќе бидат готови денеска и со тоа ќе се заокружи три четвртини од тој кластер во таа Општина – изјави Филипче.