ГРАФИКОН Ковид-19 убива неколкукратно повеќе од грипот
Податоците на графиконот за смртноста на ковид-19 се прикажани како стапка на 100.000 жители до 25 мај 2020, а на грипот како стапка на 100.000 жители за последната достапна година)
Споредбата на смртноста од ковид-19 и грипот (инфлуенца) направена за земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), покажува дека смртноста од ковид-19 е неколкукратно повисока од онаа на грипот.
(Податоците на графиконот за смртноста на ковид-19 се прикажани како стапка на 100.000 жители до 25 мај 2020, а на грипот како стапка на 100.000 жители за последната достапна година)
– Дури кога ковид-19 би престанал да убива луѓе во овие земји токму денес, сѐ уште грипот ќе заостанува далеку зад него. Повторувајте си: Ковид не е исто што и грип! , е коментарот на експертите кои го споделуваат на фејсбук.
Членки на ОЕЦД се Австрија, Белгија, Канада, Чиле, Чешка Република, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Летонија, Луксембург, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Турција, Велика Британија, САД, Австралија, Чиле и Јужна Кореја.