Кузеска: Чулев мора да даде оставка

Наместо како прв човек на МВР, да се стави во заштита на јавното здравје, Чулев игра опасна игра и во обид да им се додвори на граѓаните, поттикна непочитување на јасно пропишаните мерки за заштита од коронавирусот - рече таа.

472

СДСМ денеска повара оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. портпаролката на партијата богданка кузевска барањето го образложи, со како што рече, неговото неработење,, популизмот и партиското профитерство.

– Наместо како прв човек на МВР, да се стави во заштита на јавното здравје, Чулев игра опасна игра и во обид да им се додвори на граѓаните, поттикна непочитување на јасно пропишаните мерки за заштита од коронавирусот – рече таа.






Според неа, во изминатиот период Чулев направил бројни прекршувања.

– Полицијата предводена од Наќе Чулев не презеде ништо за тоа што граѓани со решение за самоизолација се шетаат надвор.Дозволи масовен собир на литија во Струга, со што го загрози здравјето на граѓаните.Не постапи за собирот на навивачи пред црквата Св. Спас на 4 Мај.Не постапи при оро во Чаир додека полициска кола поминувала среде оро.Чулев лично организираше прослава на Денот на полицијата, со прекршување на мерките за заштита.На истата прослава димна бомба заврши на дипломатската трибина, каде беа и новинари.Обезбедувањето на Чулев на настанот пробуваше да оддалечи новинар од министерот, само зато што сакал да му постави прашање, при што рекле дека „треба да му одржат лекција”- рече Кузеска.

Чулев, ддоаде таа, се обиде да спречи хумана акција за помош на граѓаните.

-Во време на полициски час, ја ангажира полицијата за снимање на рекламен спот и е целосно посветен на одбрана на неговиот шеф Мицкоски, за случајот со теретаната – рече Кузеска.

Според неа тоа е доволна прилина  Чулев да поднесе оставка.

 

 

Поврзани содржини