Џенифер Лопез проговори за одложувањето на венчавката: Срцето ми е скршено на парчиња!
Срцето ми е скршено на парчиња. Но, знаете што? Бог има поголем план, па едноставно мора да почекаме и да видиме. Можеби тоа ќе биде и подобро. Морам да верувам дека ќе биде така - рекла Џенифер.
Загрижена сум и постојано размислувам за тоа што ќе биде кога станува збор за мојата венчавка, рекла прекрасната Џенифер Лопез, откако пандемијата со коронавирусот ѝ ја одложи свадбата со Алекс Родригез.
– Никој не знае кога ќе биде. Навистина, засега нема планирања. Разочарувачки е. Планиравме да се одмориме по „Супер боул“, а всушност само тоа го правиме. Сепак, имавме многу планови за ова лето, како и за целата година, но сега некако сè е ставено на чекање – рекла Лопез.
Таа додала дека премногу емотивно го доживеала одложувањето на венчавката.
– Срцето ми е скршено на парчиња. Но, знаете што? Бог има поголем план, па едноставно мора да почекаме и да видиме. Можеби тоа ќе биде и подобро. Морам да верувам дека ќе биде така – рекла Џенифер.