ВМРО-ДПМНЕ: Нов шамар за Заев и Спасовски, овој пат од Рама

ВМРО-ДПМНЕ праша  како реагирале  Димитров и владата на одлуката на Албанија и дали презела нешто.

1,850

Одлуката на Еди Рама за отворање на границите само за дел од граѓаните кои се со албанско потекло е уште еден шамар за владата на Спасовски и Заев, и огромен неуспех за умислениот прв човек на дипломатијата Димитров, реагира ВМРО-ДПМНЕ..

– Ова е нов пораз на владата на Заев затоа што одлуката е дискриминаторска и навредлива.За само неколку месеци неспособната владата на Заев влезе во нетрпеливост и создава проблеми со сите соседи. Освен  договорот со Грција, се случи блокада на интеграциите од Бугарија, Пендаровски доби врел шамар од Белград поради мешањето во внатрешните работи и преговори помеѓу Приштина и Белград, а еве сега нов пораз и од Албанија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






ВМРО-ДПМНЕ праша  како реагирале  Димитров и владата на одлуката на Албанија и дали презела нешто.

 

Поврзани содржини