Извлечен автомобилот што падна во Вардар

964

Екипите на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР претпладнево го извлекоа автомобилот што падна во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата „Аџибадем Систина“.

Станува збор за автомобил „фолскваген поло“ и според првичните сознанија во него нема луѓе.

Автомобилот беше извлечен со помош на сајли што преку водите на Вардар ги поставија спасувачките екипи.

Поврзани содржини