📽️ ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ЛАСКАРЦИ Автомобил излетал од патот, три лица тешко повредени

Селото во близина на Скопје остана запаметено по трагичната автобуска несреќа на „Дурмо турс“ во 2019 година. Во неделата вечер, 16 август, таму повторно се случила тешка сообраќајка, известува Тетова Сот.

34

Три лица се тешко повредени во нова сообраќајна несреќа во скопското село Ласкарци, место кое јавноста го памети по автобуската трагедија на „Дурмо турс“.

Според билтенот на МВР, се работи за патничко возило „бмв“ кое кон 21:45 часот излеталот од автопатот Скопје-Тетово кај Ласкарци. Возилото го управувал 23-годишниот Е.К. од тетовско Палатица.






„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил сопaтникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира Министерството за внатрешни работи.

Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Медиумот Тетова Сот објави снимка од местот на кое се гледа пристигната Итна медицинска помош и полиција.

Полицијата ги утврдува околностите на несреќата.

 

 

 

На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетло од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил сопaтникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини