Се демонтира мобилната болница која не прими ниту еден заболен од ковид-19
Ова било на барање на Министерството за здравство и таа ќе се повлече во касарната Илинден. За среќа, тврди АРМ, бројот на болни не го надминал капацитетот на Инфективната клиника.
Мобилната болница која АРМ ја постави, а беше донација од Норвешка веќе се демонтира иако ниту еден пациент заболен од коронавирус не беше сместен во изминативе два месеци во монтажниот објект.
Ова било на барање на Министерството за здравство и таа ќе се повлече во касарната Илинден. За среќа, тврди АРМ, бројот на болни не го надминал капацитетот на Инфективната клиника.
Мобилната болница беше поставена кон крајот на март, со капацитет од 130 пациенти и беше поврзана со сув ходник со Инфективната клиника.Сепак таму не беше згрижен ниту еден пациент, бидејќи бројот на заразени кои се лекуваа болнички не го надмина бројот на леглата во Инфективната клиника и ковид центарот во „8-ми Септември“.
Во случај на потреба, мобилната болница може повторно да биде поставена за два дена, потврдуваат од АРМ, а пренесува Телма.