Полицискиот час утре ќе се крати, во градинките прво тест за воспитачките, па прием на деца

Помалку часови за престој и организирање помали групи, ова е можностите коишто се разгледуваат.  Сакаме решение што ќе биде спроведливо, а не само  добро на хартија да изгледа - рече Филипче.

2,064

Утре ќе се разговара за времетраењето на полицискиот час за викендот, а в сабота ќе се разгледа  можноста за олабавување на мерките од следната недела, најави денеска министерот Филипче.

На денешната прес-конференција, Филипче посочи дека двата дена ќе се анализираат случаите на новодијагностицирани пациенти пред да бидат донесени било какви препораки.






– На утрешниот состанок ќе се дискутира за времетраењето на полицискиот час за викендот, а задутре како ќе се олабавуваат веќе донесените мерки – рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

На Комисијата за заразни болести утре нема да присуствува претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Со скринингот од следната недела ќе бидат опфатени сите вработени во градинките.

– Помалку часови за престој и организирање помали групи, ова е можностите коишто се разгледуваат.  Сакаме решение што ќе биде спроведливо, а не само  добро на хартија да изгледа, на пример –  да се внимава на дистанца, а децата тоа нема да го почитуваат. На решението уште работат експертите и до до понеделник, верувам,  ќе биде готово –  изјави денеска министерот Филипче.

Tој најави дека годинава ќе биде поголема бројката на лица кои ќе бидат вакцинирани против сезонски грип.

– Таа вакцина се смета дека може да даде некаков имунитет. А вакцината за овој вирус се очекува да биде достапна во 2021 година –  рече Филипче.

 

 

 

Поврзани содржини