Заев од самитот на ПЕС: ЕУ е најголемиот партнер на Македонија и на Западен Балкан

Финансиските пакети, но пред се и отворањето на сите ЕУ механизми, инструменти, претставуваат начин на кој ЕУ ја покажува солидарноста не само со своите земји членки туку и со оние кои претендираат да бидат рамноправен дел од европското семејство.

198

Благодарни сме за помошта која ЕУ и ја овозможува на нашата земја и на земјите од Западен Балкан, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев кој  преку видеоконференција учествуваше на самитот на Партија на европски социјалисти (ПЕС), самит кој е еден вид претходница на самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Загреб, кој исто така се одржува речиси во исто време.

– Финансиските пакети, но пред се и отворањето на сите ЕУ механизми, инструменти, претставуваат начин на кој ЕУ ја покажува солидарноста не само со своите земји членки туку и со оние кои претендираат да бидат рамноправен дел од европското семејство. Во таа насока најавениот економски и инвестициски план за Западен Балкан од страна на Европската Комисија, ќе биде од огромна важност за поддршка на приватниот сектор, енергетската поврзаност, дигитализација, зелена агенда и транспорт – рече Заев.






Од партијата информираат дека од европска страна за време на видео самитот биле искажани многу директни и силни пораки за поддршка и стимулација на сите процеси кои се поврзани со приклучувањето на Западен Балкан во ЕУ но и во самата борба со коронавирусот. Според високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпреседател на ЕК Жосеп Борел, Европска Унија е најголемиот и најдоверливиот партнер на Западен Балкан.

Според Ираче Гарсија која е претседател на ПЕС во Европскиот парламент европското семејство нема никогаш да биде комплетно без Западен Балкан. Оваа криза е одлична можност да ги ставиме сите механизми на ЕУ на располагање и цврсто да се држиме до социјалдемократските вредности и да ги напуштиме популистичките политики.

Поврзани содржини