Спасовски: Членството во НАТО овековечено и на поштенска марка

Поштенските марки се многу повеќе од парче хартија. Тие се симбол на државата која ги издава, силно средство за комуникација и траен запис за еден значаен момент од историјата на државата

430

Големиот историски успех и остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО е овековечено и на поштенска марка што овие денови ја објави АД „Пошта на Северна Македонија“, напиша на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.

– Поштенските марки се многу повеќе од парче хартија. Тие се симбол на државата која ги издава, силно средство за комуникација и траен запис за еден значаен момент од историјата на државата.






Во оваа поштенска марка е збрана колективната меморија на граѓаните на Република Северна Македонија кои еднодушно се обединија и ја остварија поставената цел уште од првите денови на независноста да бидеме дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз во светот – пишува Спасовски.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини