Американските агенти споделија со членките на „Five Eyes“ дека ковид-19 не е создаден во лабораторија
Оваа информација се чини дека е спротивна на тврдењето на претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео.
Разузнавачката служба на САД ги споделени своите индикации меѓу земјите од сојузот „Five Eyes“ дека е „многу малку е веројатно“ појавата на коронавирусот се шири како резултат на несреќа во лабораторија, но потекнува од кинески пазар, според двајца службеници кои ја споделиле проценката на разузнавачката служба, која се чини дека е спротивна на тврдењето на претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео, пренесе „CNN“.
– Сметаме дека е малку веројатно дека станува збор за несреќа – рече западниот дипломатски претставник со познавања во разузнавачката служба. – Голема е веројатноста дека вирусот се јавува природно и дека човечката инфекција е природна интеракција меѓу човекот и животните“.
– Земјите во коалицијата за споделување разузнавачки информации „Five Eyes“ се согласуваат околу оваа проценка, рече официјалниот претставник, а вториот официјален претставник, од земја од „Five Eyes“, се согласи со тоа. САД допрва треба да ја објават официјалната проценка.
Сојузот „Five Eyes“ е составен од САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд – а земјите споделуваат широк спектар на разузнавачки информации во еден од најтесните мултилатерални аранжмани во светот.
Оценувањето од членовите на ексклузивната група за разузнавање се чини дека ги поткопува силните тврдења на Трамп и Помпео во последните денови, бидејќи тие го зголемија тврдењето дека епидемијата потекнува од лабораторија во Вухан, Кина, а не од пазар во истиот регион.