Антонио Бандерас снимен во непропoзнатливо издание пред својата вила ФОТО

513

Легендарниот шпански актер, 59-годишниот Антонио Бандерас бил фотографиран додека џогирал во Шпанија за време на пандемијата на коронавирусот.

Латино заводникот повеќе не личи на себе бидејќи има долга, седа брада, а лицето го криел од фоторепортерите со црн качкет.






Се чини дека познатиот актер решил да се занимава со спорт за да остане во форма за својата 21 година помлада девојка. Тој веќе шест години е во врска со 38-годишната Никол Кимпел, по двата брака со Ана Леза и Мелани Грифит.

Бандерас отишол да џогира откако шпанските власти ги ублажиле забраните поради коронавирусот. Имено, шпанските власти дозволиле возрасните да шетаат или да се занимаваат со спорт помеѓу 6 и 10 часот наутро и 20 и 23 часот навечер.

Антонио во таа прилика носел црвен „шушкавец“, црна тренерка и црвени патики додека на главата имал качкет на кој пишувало „AБ“ односно неговите иницијали.

Инаку, актерот се изолирал во својата вила во Марбеља со девојката, каде претходните два месеци за време на кризата со ковид-19 ги поминале во градината со поглед кон океанот.

Поврзани содржини