Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска соопшти дека рокот на вонредната состојба поради коронавирусот во Јапонија ќе биде продолжен до 31 мај.
Според Владата во Токио, сѐ уште е рано да се укинат мерките кои беа воведени за да се спречи ширењето на вирусот.
– Ќе го продолжам до 31 мај периодот на вонредната состојба, објавена на 7 април. Одлуката се однесува на сите префектури во земјата- изјави Абе.
Според последните податоци, во Јапонија има 14.877 заразени со ковид-19, а починале вкупно 487 лица.