Вонредната состојба, предизвикана од коронавирусот ковид 19, беше причина од 11 март 2020 година сите образовни институции да бидат затворени, а воспитно-образовната активност да се развива, колку што е можно, од домашни услови преку онлајн платформи. Сепак, образовниот систем, почнувајќи од основното, средното и високо образование, не успева во целост да ги исполни наставните програми и со тоа учениците не успеваат да ги стекнат потребните и предвидени знаења според предметните програми, констатира на пресконференција владеачката Алтернатива.
– Според ова, второто полугодие во основните и средните училишта или летниот семестар на универзитетите нема да може да ја исполни во целост реализацијата на планираните наставни или студиски програми. Иако владата, односноМинистерството за образование и наука, презеде некои мерки, што подразбираат спроведување на учење од далечина (он-лајн учење), очигледно ова не ги покрива сите барања и потреби што ги имаат учениците за да стекнат знаење на различни нивоа на образованието. Големиот најавување и рекламирање, што го правеше министерот за образование за наставата од далечина и на електронската платформа кое го промовираше Министерството, не ги произведе потребните резултати. Дали беше тоа поради недостиг на интернет, поради недостаток на соодветна електронска опрема, недостаток на обучен наставен кадар за реализација на настава на таков начин, отсуство на идеја како да се изврши контролата на знаењето на учениците или пак недостаток на идеи за начинот како да се оценат постигањата на учениците, како и да е, можеме да кажеме дека оваа вонредна состојба го затекна Министерството за образование и наука целосно неподготвена и поради оваа слабост може да се каже дека ова учебна или академска година ќе остане како година со многу недостатоци во присвојувањето на знаења од страна на учениците, односно студентите – смета Алтернатива.
Загрижени за случувањата во областа на образованието, кои се како резултат на вонредната состојба, но и на небрежноста и неспособноста на Министерството за образование и наука да се справува со оваа состојба, Алтернатива предлага конкретни мерки за различните нивоа на образованието.
– Бидејќи во основното образование особено загрижувачко е деветтото одделение, кога завршува нивото на основно образование, предлагаме МОН, заедно со Бирото за развој на образованието и Центарот за тестирање, да ангажираат наставници и професионалци кои сериозно ќе подготват предавања и задачи, како и збирки со задачи за предмети од областа на природните науки и истите да им бидат проследени на учениците по електронски пат од страна на нивните наставници;
– Сите други одделенија на основното образование, кои ќе продолжат во истото образовно ниво и во истото училиште, на почетокот на следната учебна година, при почеток на новата школска година, прво да им се навратат на наставните содржини што се реализирани во текот на овој период или што требало да се реализираат а не се реализирале;
– Во средното образование Алтернатива“ ги поддржува матурантите, кои како последица на настанатата состојба побараа да се откаже испитот на државната матура за оваа учебна година и тоа да не биде пречка за нивно запишување на било кој универзитет.
– Сите други одделенија од средното образование, кои ќе продолжат во истиот образовен циклус и во истото училиште, на почетокот на следната учебна година да им се навратат на наставните содржини што се реализирани во овој период и да се спроведе проверка на знаењата, за да се процени дали учениците ги стекнале соодветните знаења;
– Во високото образование, каде што универзитетите имаат по изразена автономија, да се разгледаат сите можни опции за исполнување на образовните цели, особено оние што се однесуваат на практичната обука (практичната работа) и лабораториските работи;
– За студентите кои го следеле последниот семестар, предлагаме да им се даде можност да ги полагаат испитите и да не им се создаваат пречки, за да можат да ги завршат студиите или пак да дипломираат;
– Сите оние студенти, кои како резултат на создадената ситуација не ги исполнуваат условите за полагање на испитите и ќе треба да го пререгистрираат истиот предмет во следниот семестар, да не бидат принудени да извршат дополнителни плаќања или да бидат принудени да го плаќаат истиот предмет два пати;
– Доколку се случи наскоро да се реши ситуацијата со корона-вирусот, за што посакуваме да се случи, и така се создаваат услови да започнат образовните институции со работа пред крајот на учебната или академската година, периодот што е изгубен да се надополни во продолжение, во текот на месец јуни.
Притоа Алтернативата повторува дека ги поддржува образованите работници во нивната посветеност и работа и во никој случај нема да дозволи да се гази нивното достоинство или нивните напори да бидат потценети. Ние остануваме во одбрана на нивните плати и покрај тешката состојба и потребата од општествена солидарност. Нивната работа во воспитувањето и образувањето на младите генерации е најголемата солидарност што му се дава на општество.