СДСМ: Џафери да ни одговори зошто не свикува седница
Легитимното право на пратениците согласно Устав и деловник на Собранието не може да биде толкувано како пуч.
Легитимното право на пратениците согласно Устав и деловник на Собранието не може да биде толкувано како пуч, одговори Снежана Калеска -Ванчева, од СДСМ на ставот на претседателот на Собранието Талат Џафери дека свикување на распуштено Собрание е пуч.
– Легитимно, демократски и согласно деловникот и Уставот, ние како пратеници поднесовме иницијатива онака како што налагаат прописите , а тоа е до претседателот на Собранието за свикување на итна седница. Јас можам во овој момент само да кажам дека нашиот став е непроменет и ние имајќија во предвид целокупната ситуација како пратеници сметаме дека е демократски и апсолутно корисно, Собранието да може да биде свикано да се состане и да ги потврди одлуките за времената состојба и тоа е всушност во насока на демократизација и поделбата на власта и добро е да знаат,
добро е за граѓаните, за општеството за државата да на располагање имаат уште еден механизам за контрола над извршната власт – рече Калеска -Ванчева.
Таа повтори дека тоа е единствената причина зошто како пратеници сметале дека треба да го искористат нивното право но и нивната обврска како пратеници во Собранието.
– Но, уште еднаш ќе потенцирам дека како и досега така и одсега ќе го почитуваме во целост ставот на претседателот на Собранието, но ние сметаме дека како пратеници најмалку што треба да се случи, односно заслужуваме да добиеме одговор од претседателот на Собранието на писменото барање коешто е формално доставено а не да добиваме одговори преку медиумите – рече Калеска Ванчева.