Трамп и Абе знаат што е со Ким Џонг Ун, ама не кажуваат

808

Претседателот на САД Доналд Трамп придонесе за збунетоста околу здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун велејќи дека знае како му, но дека не може ништо да сподели со јавноста.

– Да, имам многу добра идеја, но сега не можам да зборувам за тоа. Само му посакувам добро – рече Трамп.






Гласините за лошата здравствена состојба на Ким започнаа да циркулираат откако тој не се појави на комеморацијата на 15 април на 108-от роденден на неговиот дедо, основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг. Тој не е виден во јавноста од 11 април. Шпекулациите одеа во насока дека тој може да е болен, да закрепнува од тешка операција на срцето или дури да е мртов.

И премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе денеска изјави дека е запознаен со извештаите за здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и оти со големо внимание го следи развојот на настаните.

Поврзани содржини