Ковид-19 го одложи сослушувањето на Асанж
Правниот тим на Асанж тврди дека не е во состојба да разговара со својот клиент, заради строгите мерки што се спроведуваат во борбата против ширењето на вирусот.
Вториот дел од дискусијата за екстрадицијата на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж во Америка, нема да се одржи како што беше планирано идниот месец, поради блокада поради епидемијата на коронавирусот, одлучи денеска судот во Велика Британија, пренесе „Ројтерс“.
Правниот тим на Асанж тврди дека не е во состојба да разговара со својот клиент, заради строгите мерки што се спроведуваат во борбата против ширењето на вирусот.
Адвокатите што ги претставуваат Соединетите држави рекоа дека се согласија дека продолжувањето на рочиштето нема да биде безбедно.
Судијката Ванеса Баритсер рече дека рочиштата не може да се одржат освен ако адвокатите не можат да се појават на суд лично, па го одложиле случајот за 4 мај, за кога се очекува одредување на нов датум.
САД сака да му суди на Асанж за објавување доверливи дипломатски ноти на американската димпломатија на страната „Викиликс“.