Јапонија воведе вонредна состојба на целата територија

Како што се зголемува бројот на заразени лица, се зголемуваат критиките во земјата за начинот на кој Абе одговори на кризата.

333

Јапонија прогласи вонредна состојба во целата земја поради влошената состојба предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

Како што објави синоќа Би-Би-Си, мерката, која ќе биде во сила до 6 мај, им овозможува на регионалните власти да побараат од луѓето да останат во домовите, но не предвидуваат казнени мерки.






Пред еден месец, премиерот Шинѕо Абе воведе вонредна состојба во седум префектури.

Како што се зголемува бројот на заразени лица, се зголемуваат критиките во земјата за начинот на кој Абе одговори на кризата.

Една неодамнешна анкета на јавното мислење покажа дека 75 проценти од Јапонците веруваат дека Абе предоцна прогласил вонредна состојба во Токио, кој е најтешко погоден од епидемијата.

Поврзани содржини