Од каде доаѓа отпадот во ЕУ и каде оди? (ИНФОГРАФИК)
Минатата година, извозот на смет во ЕУ достигна 31 милиони тони, со вредност од 13,4 милијарди евра.
Извозот на отпад од 27-те земји членки на ЕУ се зголеми за две третини (66%) од 2004 година, но тие останаа стабилни од 2018 до 2019 година, според „Евростат“. Минатата година, извозот на смет во ЕУ достигна 31 милиони тони, со вредност од 13,4 милијарди евра.
Спротивно на тоа, увезеното ѓубре од земјите што не се членки на ЕУ се намалува на долг и краток рок. Во 2019 година увозот изнесуваше 16,7 милиони тони, што претставува намалување од 2% од 2018 година и 6% во однос на 2004 година. Вредноста на увезеното ѓубре од земји кои не се членки на ЕУ достигна 12,8 милијарди евра во 2019 година.
Најмногу отпад од ЕУ се извезува во Турција
Турција е најголемата дестинација за отпад што се извезува од ЕУ со волумен од околу 11,4 милиони тони во 2019 година. Ова е скоро три пати повеќе од 2004 година. Индија е втора по големина дестинација, со скоро 2,9 милиони тони ѓубре од Унијата во 2019 година, а потоа следат Велика Британија со 1,9 милиони тони, Швајцарија со 1,6 милиони тони и Норвешка со 1,5 милиони тони.
Индонезија стана значајна дестинација за отпадото ѓубре од ЕУ во последните години, со зголемување на обемот од 0,4 милиони тони во 2016 година на 1,3 милиони тони во 2019 година. Од друга страна, извозот на отпад во Кина се намали од својот врв од 10,1 милиони тони во 2009 година на 1,2 милиони тони во 2019 година.
Велика Британија, Норвешка и Швајцарија – главните извори на увезено ѓубре во ЕУ
Европската унија исто така увезува отпад од земји кои не се членки. Увозот од Велика Британија е 4 милиони тони во 2019 година. Ова е пад од скоро 12% во однос на 2018 година и најниско ниво од почетокот на статистиката во 2004 година.
Норвешка е втор по големина извор на увезено ѓубре во ЕУ, што е раст за 5% или 3,1 милиони тони во 2019 година, а потоа следува Швајцарија со 2,4 милиони тони, или пад од 3% од 2018 година, САД со 1,6 милиони тони (-2%) и Русија со 1,2 милиони тони (+ 1%).