Хлороквинот помага, но мора да се внимава на дозирањето – во преголеми дози, лекот е смртоносен

1,386

Во Бразил, починале 11 пациенти заболени од ковид-19, поради силна аритмија и оштетување на срцевиот мускул, кое веројатно е предизвикано поради голема доза хлорокин во комбинација со антибиотик, пишува „Њујорк тајмс“.

Студијата која ја финансирала самата држава Бразил ја водел Маркус Ласерд од Тропскиот институт во Манау. Вкупно 81 пациенти биле поделени во две групи. Првата група во текот на пет дена двапати дневно добивала по 450 милиграми хлорокин, а другата група во текот на десет дена двапати дневно добивала по 600 милиграми. Таа доза е над препораките на кинеските научници и Американскиот центар за контрола и превенција на болестите.






По само два до три дена бразилските лекари забележале тешки нарушувања на срцевиот ритам кај пациентите кои примиле голема доза. Шестиот ден починале 11 луѓе и тестовите биле прекинати.

Минатата недела интернистите во еден канадски стручен весник предупредиле на опасноста од аритмија особено ако хлороквинот се дава со антибиотик. Според тој текст, комбинацијата на лековите може да предизвика и хипогликемија (голем пад на шеќерот во крвта), како и вознемиреност, збунетост и халуцинации. Кај посилните дози, тврделе интеристите, може да дојде и до епилептични напади, како и престанок на работата на срцето.

Комбинацијата од хлороквин и азитромицин се користи и во Македонија и според зборовите на министерот за здравство Венко Филипче, таа дава резултати.

Поврзани содржини