Австралијанец со к’смет: Останал без работа поради коронавирус, па добил на лото 4,8 милиони долари

519

Австралијанец освои 4,8 милиони австралиски долари на лотарија.Тој решил да остане анонимен, но како што пренесуваат австралиските медиуми среќниот добитник поради пандемијата останал без работа.

– Неодамна ја изгубив работата поради ковид-19, а ова е големо олеснување. Бев под голем стрес, а сега сум пресреќен. Тоа ни дава финансиска поддршка. Можностите се неограничени. Прекрасно чувство, не можам да бидам посреќен. Мојата сопруга веќе планира да купиме нов автомобил и куќа, каква што замислуваваме – вели добитникот.

Поврзани содржини