Со позајмица од 1.500 милијарди евра ЕУ ќе ги отстрани последиците од кризата

Можевме да замислиме ваков фонд, како дел од „реконструкцијата“ на европската економија по кризата рече Домбровски.

538

Во соочувањето со последиците од кризата од коронавирусот, ЕУ би можела да финансира фонд од 1.500 милијарди евра со заеми загарантирани за земјите-членки.

– Можевме да замислиме ваков фонд, како дел од „реконструкцијата“ на европската економија по кризата – изјави летонскиот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровски за германскиот весник „Ханделсблат“.






Тој додаде дека досега ништо не е решено и ова прашање може да се постави на следната видео-конференција на европските шефови на држави.

Министрите за финансии на земјите членки на Еврозоната во четвртокот решија да формираат фонд за зајакнување на европската економија покрај пакетот за итна помош од повеќе од 500 милијарди евра, но засега нема конкретни детали за фондот.

Фонд наменет да им помогне на земјите во последиците од кризата може да се формира околу европскиот буџет преку заеми што Европската комисија би ги извадила со гаранција од земјите-членки, рече Домбровски и додаде дека треба да се разговара за повеќе.

Во интервју за „РТЛ“ во неделата, еврокомесарот за внатрешен пазар, Тери Бретон, расправаше за фонд што ќе им овозможи на земјите да позајмуваат долгорочни обврзници, проценети на 10 проценти од европскиот буџет, што е 1.000 милијарди евра.

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер во четвртокот вети фонд од 500 милијарди евра за идните трошоци преку кои земјите од ЕУ би можеле колективно да позајмуваат. Неговите германски и холандски колеги повтори цврсто се спротивставија на какво било заедничко европско кредитирање.

Поврзани содржини