Велика Британија тестираше 18 илјади луѓе за еден ден

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон оцени дека земјата е на добар пат кон целта за дневно да бидат правени по 100 илјади тестови.

281

Во текот на изминатите 24 часа, во Велика Британија се направени 18.000 тестови.

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон оцени дека земјата е на добар пат кон целта за дневно да бидат правени по 100 илјади тестови.






Според него, 18.000 тестови се направени до 8 часот вчера, изземајќи ја Северна Ирска.

– Мислам дека добро напредуваме – оцени тој.

Британската Влада се најде под голем притисок поради ниското ниво на тестирања на новиот коронавирус во споредба со одредени држави, посебно Германија.

Поврзани содржини