Манчевски: Симнете ја апликацијата „Стоп корона“ што помасовно и веднаш

Тој додаде дека при изработката на апликацијата најважно било да ја гарантираат безбедноста и заштитата на податоците. Таа да биде едноставна за користење. Апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста, не следи контакти, не користи локација, ни име ни презиме на тие кои ја користат апликацијата.

1,220

Апликацијата „Стоп корона“ од денеска и официјално е достапна на вашите мобилни уреди. Станува збор за мобилна апликација изработена според најдобрите светски практики наменета за откривање на близог контакт со потенцијално заразени лица, рече министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.

– Апликацијата е значајна зошто дава брз одговор на здравствените експерти со кои лица бил заразениот во изминатите 14 дена. Помага да се информираат потенцијално заразените лица за да им се дадат насоки за самоизолација, тестирање или лекување. Претставува надополнување на мерките на Министерството за здравство за детекција на контактите на заболените лица особено сега на зголемен број на заболени. Помага за растеретувањето на здравствените работници во поглед на анкетирањето за контактите на заболените – рече Манчевски.






Тој рече дека апликацијата е важна за самите корисницаи оти информира за можната изложеност на вирусот, помага да го заштитиме нашето здравје.

– За да ја постигне апликацијата својата цел потребна е масовна употреба од страна на сите граѓани. Апелирам сите граѓани што помасовно да ја симнат апликацијата и тоа да ја симнат веднаш – рече Манчевски.

Тој додаде дека при изработката на апликацијата најважно било да ја гарантираат безбедноста и заштитата на податоците. Таа да биде едноставна за користење. Апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста, не следи контакти, не користи локација, ни име ни презиме на тие кои ја користат апликацијата.

– Функционира на принцип на анонимизирани кодови кои се генерираат за секој граѓанин при нејзиното активирање. Ако два уреди се најдат во близна во апликациите се евидентира кодот кој е во нашата близина и времето кога тоа се остварило. Единствен податок кој го бара апликацијата е мобилниот број на корисникот. Корисникот треба доброволно да го внесе бројот на мобилниот за да ја активира апликацијата. Корисникот го потврдува својот број со внес на смс код кој ќе биде испратен на мобилниот телефон. Податокот се евидентира на безбеден сервер на Министерството за здравство. И ниту еден друг корисник нема пристап до мобилните броеви, ниту се чува податок за сопственикот на бројот. Само кога корисникот на апликацијата ќе добие податок дека е позитивен на коронавирусот може доброволно да ги прати податоците до Министерството за здравство – рече Манчевски.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека апликацијата значајно ќе ја олесни работата на епидемиолозите затоа што на некој начин ќе ја замени нивната работа.

– Ние сме во фаза на пречекување на пикот на болеста, меѓутоа оваа состојба нема да заврши сега. Целта е да се амортизира ударот врз здравствениот систем. Во повеќе земји веќе се размисулва во таа насока, по пикот ќе нѐ чека интензивна работа до крајот на годинава или до почетокот на следната година – рече министерот за здравство Венко Филипче.

Aпликацијата „Стоп корона“ ќе реагира на два метри меѓу два телефона.

За еден ден апликацијата без официјална најава, веќе ја имаат активирано 5.000 корисници.

Апликацијата „Стоп корона“ е донацијата од македонската компанија „Нексенс“.

Поврзани содржини