Во јуни вакцина за ковид 19 ќе се тестира на луѓе во Русија

Тестовите врз глувци и ласици завршиле, а наскоро ќе почнат испитувања на пониски примати.

531

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија во документарецот „Опасен вирус“, кој се емитуваше на телевизијата Росиа-1.

Според него, тестовите врз глувци и ласици завршиле, а наскоро ќе почнат испитувања на пониски примати.






Во Русија досега се потврдени вкупно 4.731 случаи на коронавирусот, од кои 333 оздравеле. Според најновите податоци во Русија има вкупно 43 смртни случаи од ковид-19.

Поврзани содржини