Босанскиот музичар Божо Вреќо (36) денеска објави дека добил заканувачки пораки во кои еден маж порачува дека треба да го линчуваат.
Принцот на севдахот, познат по одличниот глас и специфичните модни комбинации, често истакнува дека му било тешко да расте во мала средина, во која бил различен и неприфатен.
Божо, која носи фустани на настапите, секој ден се среќава со осуди и негативни коментари. Тој пријавил во полиција какви пораки прима и наведува дека е загрижен за својата безбедност.
„Драги мои, ова го споделувам и со вас, моето утро започна со пријава во полиција поради смртни закани кои ми дојдоа. Сè е евидентирано и процесот допрва следува. Сето ова е напад само врз мене, на мојата интимност, на мојата уметност, на мојата воспитување, на мојот интелект, на мојата слобода, атак врз човекот кој никогаш не помислувал лошо за никого и нема, дури ниту во овој момент “, напишал тој на Фејсбук, каде ги објавил и заканувачките пораки, па додал:
„Не можам да го опишам тоа чувство кога некој на кого со ништо не си му наштетил, толку да те навредува, повикува на линч и да ја посакува вашата смрт, притоа она што сигурно најмногу ме погоди е е грозното навредување на мајка ми, погледнете со какви монструми сме опкружени, погледнете го тој вокабулар и примитивноста, зарем може да биде полошо, поподло и погнасно од ова, во што се претворија луѓето?! “.
Босанската полиција наголемо трага по лицето што ги испратило овие заканувачки пораки до Божо, пренесуваат медиумите во регионот.
Во меѓувреме, инстаграм-профилот на Божо, на кои беа објавени и заканувачките пораки, е деактивиран.
ФОТО: Принтскрин