Ѕвездата на Челзи доживеала вистински хорор: Разбојници го врзале за стол, му се заканувале дека ќе го убијат и му го украле накитот

Кол не бил повреден, но подолг период не можел да се соземе од стресот што го доживеал таа вечер.

894

Вистински филмски грабеж искусил поранешниот фудбалер на Челзи и на Арсенал, Ешли Кол, кој бил нападнат од група разбојници во својот дом на 21 јануари.

Како што објавија медиумите, фудбалерот бил врзан за стол во неговата куќа, а напаѓачите му се заканувале дека ќе го убијат. На крајот, тие „заплениле“ вреден накит и ја напуштиле куќата.






Кол не бил повреден, но подолг период не можел да се соземе од стресот што го доживеал таа вечер.

Поврзани содржини