Вработените во хотел „Ибис“ ѝ приредија роденденско изненадување на Фросина Пармаковска

Најпрво не можев да сфатам што се случува и како воопшто знаат дека ми е роденден, но потоа ми кажаа дека датумот го прочитале во мојот пасош. Среќна сум! - вели Пармаковска за Плусинфо.

10,550

Писателката Фросина Пармаковска веќе неколку дена се наоѓа во државен карантин во хотелот „Ибис“ во Скопје, поради тоа што, како што кажа за Плусинфо, изминатиов период го поминала во Софија, Бугарија.

Таа вели дека никогаш во животот не ни помислила оти еден ден ќе заврши во карантин, но исто така посочува дека условите во хотелот се повеќе од одлични и дека ништо не ѝ недостасува. Јадење добива трипати на ден, во собата има интернет, телевизор, средства за дезинфекција… А најважно од сè, додава таа, сега има доволно време за читање и за пишување книги.






Но, токму денешниот ден ќе го памети засекогаш. По повод нејзиниот роденден, вработените во хотелот ѝ приредија роденденско изненадување.

– Навистина бев изненадена кога ги видов вработените во хотелот како стојат пред мојата врата и ми ја пеат роденденската песна. Најпрво не можев да сфатам што се случува и како воопшто знаат дека ми е роденден, но потоа ми кажаа дека датумот го прочитале во мојот пасош. Среќна сум! – вели Пармаковска за Плусинфо.

Инаку, Пармаковска е добитник на наградата „Роман на годината“ во 2017 година за романот „Одбројување“.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА., а видеото ќе го пронајдете во самите коментари под фотографијата.

Поврзани содржини