Авицена Лабораторија ќе направи 5.000 ПЦР тестови на свој трошок, закажување преку системот „Мој термин“

5,972

Во интерес на заштита на јавното здравје, Авицена Лабораторија, како лабораторија која целосно ги исполнува сите светски норми и стандарди за овој тип на тестирање, се вклучува во постапката на изработување на 5.000 високосензитивни Real Time-PCR тестови за корона вирус (Kовид-19).

Ова е заедники проект на Авицена Лабораторија, Министерство за здравство и Здравствен дом Скопје. Од средината на оваа седмица, ќе биде ставен во функција пунктот за земање примероци во склоп на Здравствен дом на Скопје – Поликлиника Идадија (Млин Балкан).






Сите примероци земени од овој пункт ќе бидеат изработени во Авицена Лабораторија, целосно не нејзин трошок. Како и за другите пунктови, пациентите ќе бидат примени исклучиво по претходно закажан термин преку матичниот лекар и системот Мој термин.

„Овој тип на помош и поддршка е наменета со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација, да му помогнеме на нашиот здравствен систем, на сите пациенти и на целокупната заедница во која припаѓаме. И во вонредни услови каква што е моменталната ситуација со Ковид-19, грижата за нашето здравје и здравствената грижа за нашите клиенти продолжува. Здравствената дејност во која припаѓаме ние како установа, не обврзува и морално, да пружаме здравствени услуги секојдневно, да си помагаме меѓусебно и да го заштитиме здравјето на сите граѓани. Во меѓувреме, сите заедно да ги почитуваме мерките од надлежните институции, да бидеме одговорни, да се грижиме за сопственото здравје и за здравјето на другите“, се вели во објавата на Авицена Лабораторија.

 

Поврзани содржини