Волци нападнаа стадо овци во делчевското село Бигла

874

Волци нападнаа стадо овци во подножјето на делчевското село Бигла.

– Нападот се случил во раните утрински часови. Нападнатите овци ги најдов денес во близина на стадата и цела среќа е што дивото животно успеало да изеде само две од овците. Не сум сигурен дали бил еден или повеќе волци – вели сточарот Антон Антовски.





Делчевските ловџии велат дека во вакви ситуации со посебни дозволи се прават хајки на волци, кои биле чести во изминатиот период.
– Ловот сега е во мирување и ваквите случаи на хајки на волци ќе ги направиме при првата поволна прилика. Она што сега согласно законот сме должни да го направиме е да извршиме прихрана за дивечот, за да не дојде до вакви ситуации – велат ловџиите.
Последната прихрана пред една недела ја извршија ловџиите од Македонска Каменица, а слична активност планира и ловното друштво „Острец“ од Делчево.

Поврзани содржини