Мисајловски: СДСМ сака да крати плати, а распишува оглас за административци

954

 

Во вечерашната „Клик Плус“ на ТВ21 телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, во врска со кратењето на платите на администрацијата истакна дека нелогично е да збориме за кратење на плати кога еден куп нови авторски договори се потпишуваат од страна на 65 државни институции.






– Добиваме различни изјави деновиве пред неколку дена слушнавме дека буџетот е во одлична кондиција, подоцна слушнавме дека фалат дека 1.3 милијарда ерва, сега од Кочо Анѓушев слушнавме дека ќе фалат 2 милијарди евра. Со две недели криза немаме доволно пари во буџетот, а од друга страна слушаме дека сме најдобри во Европа на секој можен план – вели Мисајловски.

Тој вели дека збориме оти треба да ги скратиме платите во администрацијата, а денеска видовме дека еден куп нови договори, авторски договори со многу институции во Македонија се потпишуваат.

 – 65 институции потпишуваат нови договори за да се вработат нови луѓе, од каде потребата за тоа? Зошто се трошат 15 милиони денари во општина Гази Баба и 11 милиони денари во општина Ѓорче Петров, велиме дека мора да се скратат платите а денеска имаме многу нови договори? – праша Мисајловски.

Тој истакна дека има вработени во администрацијата кои земаат годишно над 30 илјади евра, а обичен вработен администртарција на годишно ниво зема 3-4 илјади евра и не можете да ги споредите, нема да можеме утре да ги мотивараме граѓани да трошат, треба да бидеме реални.

– ВМРО-ДПМНЕ дава одлични предлози и мерки коишто треба да се спроведат, и стои на располагање на владата, но граѓаните треба да ја знаат реалната слика затоа што се соочуваме со ситуација со недостаток на ракавици и опрема за медицинскиот кадар – истакна Мисалјовски.

Поврзани содржини